Според најновите информации добиени од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег кој не го попречува одвивањето на сообраќајот има кај Крива Паланка и на Плетвар.

Забраната за тешки товарни возила на кракот Маврово-Дебар е укината во 7 часот утрово.

По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите. Се препорачува особено внимателно возење на патните правци Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде што се забележани почести одрони од вообичаеното.

OhridNews