Екипата на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид е севкупен победник на турнирот во мал фудбал организиран од СВР Охрид по повод 7 мај денот на македонската полиција.


Оваа спортска манифестација беше дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид го одбележа 7 мај денот на полицијата.
Фудбалскиот турнир се одигра во спортско рекреативниот центар „Биљјанини извори“ каде по систем се одигруваа по два натпревара дневно.
На фудбалскиот турнир учествуваа вкупно шест фудбалски екипи од разни служби во СВР Охрид.
Ohridnews










