Вчера утрото во 07.30 часот, на регионалниот пат помеѓу струшките села Велешта и Враништа, дошло до судар помеѓу патнички моторни возила „голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 36-годишно лице од селото Лабуништа и „голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 54-годишен жител на селото Велешта.

Притоа, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид како и 27-годишен сопатник од Лабуништа. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, информ Стефан Димоски.

Во полицискиот билтен викендов евидентиран е уште еден случај поврзан со дрога. Имено, синоќа во 22.45 часот, на улица „27 април“ во Струга, лишени од слобода биле лица на возраст од 44 и 47 години, двајцата од Струга.

Од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга при преглед кај едното лице пронајдоа и одзедоа опаковка со кафеава прашкаста материја додека при преглед извршен по судска наредба во домот на другото лице пронајдена и одземена била алуминиумска фолија со кафеава прашкаста материја и метална дигитална вага, соопшти Димоски.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews