“Приклучете се на најдобриот тим во регионот! ”
ОДВ-ЕЛЕКТРИК е КУЛТУРА чиј опстанок зависи од континуираниот развој. СРЕДИНА во која постојано се потребни вработени кои имаат амбиција да ги подобрат своите вештини. ВЕТУВАЊЕ дека секој вработен подеднакво може да цели кон врвот и да има успешна кариера.
И се разбира, ТИМ кој на прво место се грижи за своите вработени со јасна политика за унапредување и селекција на раководители од страна на сопствените кадри на компанијата.
Покрај редовна месечна плата, нудиме бесплатен превоз за сите вработени, топол оброк во просториите на фабриката и приватно дополнително здравствено осигурување за болнички третман до 14.000 евра годишно по вработен во сите приватни болници во Република Македонија.
За поддршка на ново воспоставениот Регионален Центар за Роботика, објавуваме оглас за: Конструктори и применета Artificial Intelligence – Креирање/учење на AI Agents.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Пожелно е високо образование од областа на машинството, вештачката интелигенција, електротехниката, мехатрониката или друга соодветна техничка насока, односно практично искуство;
- За КОНСТРУКТОРИ – познавање и практично искуство со CAD алатки за 2D/3D техничко цртање, моделирање и конструирање, по можност AutoCAD INVENTOR;
- За Применета Artificial Inteligence (Креирање/учење на AI Agents) – познавање на основните AI модели, Computer Vision, Edge AI & IoT, како и нивна интеграција во производниот процес;
- Познавање на англиски јазик; германскиот јазик би бил предност;
- Способност за аналитичко размислување и самостојно решавање проблеми;
- Одговорност, самостојност, прецизност и организираност;
- Подготовка, креирање и ажурирање на техничка документација, цртежи и спецификации;
- Учество во воведување на нови проекти и инженерски промени.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ:
Заинтересираните кандидати можат да испратат кратка биографија и мотивациско писмо на следната електронска пошта:
или да не контактираат на телефонскиот број: 071/353-820
Напомена:
Со самото испраќање на кратката биографија, кандидатот се согласува да му биде извршена обработка на личните податоци, согласно Законот за лични податоци.
Рок на пријавување: 07.08.2026 година.




