Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28-годишен охриѓанец и против друго, засега непознато лице. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавените, казненото дело го сториле на 27-ми минатиот месец во 04 часот и 25 минути на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид.

Тие, движејќи се со патнички автомобил „Волксфагхен Поло“, пресретнале автомобил „Сеат Ибица“ управуван од лице од Охрид и со светлосни сигнали успеале да го застанат возилото. Веднаш потоа, засега непознатиот од застанатиот автомобил насилно ја извадил 24-годишната девојка од Охрид што била во автомобилот, додека пријавениот почнал со безбол палка да удира по автомобилот, а потоа и по возачот од возилото.

По кратко време, двајцата пријавени избегале од местото на настанот, а лицето што го возело сопрениот автомобил се упатил во Општата болница во Охрид каде му била укажана неопходна медицинска помош.

OhridNews