Бројни јавни личности, дипломати, политичари ја поддржаа иницијативата за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ која традиционално се одржува во Скопје. Меѓу нив беше и сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.
Имаме двојна обврска во врска со едукацијата, превенцијата и лекувањето не само на ракот на дојката, туку и на вирусот кој се заканува да ја загрози жената која е веќе засегната од друга болест. – истакна г-а Ѓоргиевска, додавајќи дека е потребно да се обезбедат средства за сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

Во текот на месецот октомври многу светски знаменитости ќе светат во розова боја, а со тоа да привлечат внимание за важноста од раната дијагностика од ракот на дојката и затоа денес ќе потсетам на главното правило во животот, подобро да се спречи отколку да се лечи. Ве молам практикувајте самопрегледување на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамографии. – апелираше Ѓорѓевска.

На настанот се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче и американската aмбасадорка во земјава, Кејт Брнс.
Организатор на настанот е Здружението „Борка“, коешто се приклучи на кампањата која се одвива речиси во многу европски држави и градови. Кај нас кампањата и финалните настани освен во Скопје ќе се одржат во 13 градови.
OhridNews















