Сопругата на Тимур Дибиров, Ирина Полторацкаја е нов тренер на женскиот ракометен клуб Вардар.

Ирина на клупата ќе го наследи Дејвис Камара кој побара да се врати во машкиот состав и да му биде прв помошник како и претходно на Раул Гонзалес Гутиерез.

Поубавата половина на вардаровото лево крило е поранешна ракометарка, во кариерата има освоено три светски шампионски титули со Русија и две титули во Лигата на шампионите (Шлагелсе и Ѕвезда).

Таа со „вардарки“ работи веќе неколку денови, а на клупата ќе дебитира в сабота на натпреварот со Турингер во Скопје.

OhridNews