ЈП „Билјанини извори“ ги известува сите сопственици на пловни објекти кои се усидрени во каналот Студенчишта, во делот со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“, а кои до сега го немаат регулирано својот статус (резервација на сидришно место), тоа да го сторат во наредните два дена.

Ваквата обврска може да ја извршат во дирекцијата на ЈП „Билјанини извори“, од 08 до 15 часот.

Во спротивно, претпријатието ќе биде приморано да ги отстрани сите пловни објекти на товар на сопствениците на пловните објекти.

OhridNews