Во текстилната компанија „Викторија-Фешн„ во Охрид, вчера е нарушен јавниот ред и мир. Околу 17 часот и 50 минути, во просториите на компанијата дошло до вербална расправија меѓу Н.К.(28) сопственик на „Викторија-фешн„ и четири работнички, вработени во текстилната фабрика, кои од сопственикот побарале неисплатена плата.
Одкако било одбиено нивното барање, сопственикот на текстилната фабрика од своето работно биро извадил Стартен пиштол и со истиот испукал во воздух по што на вработената Љ.У. (46) со ракохватот од пиштолот ја удрил во пределот на левото уво, а потоа со раце ја нападнал и истуркал С.Р.(43) вработена во „Викторија-фешн„.
Двете нападнати работнички се здобиле со лесни телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид.
По целосно документирање на овој случај, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.












