Сопственикот на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер, одби да им се извини на навивачите за обидот клубот да ја напушти УЕФА и Лигата на Шампионите. „Црвените ѓаволи“ беа во групата на тимови кои ја формираа Суперлигата.

Новинарка на „Скај спорт“, се обидела да добие изјава од првиот човек на Манчестер Јунајтед, но Глејзер ја игнорирал, пота седнал во авојот автомобил и заминал.

Навивачите на Манчестер јунајтед бараат Глејзер да замине од клубот. Поради нивниот протест и упадот на „Олд Трафорд“, во неделата не се одигра дербиот со Ливерпул.

Се уште не е познато кога ќе се одигра овој натпревар.

OhridNews