Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Петер Соренсен денеска е во посета на Охрид и Струга, каде ќе оствари средба со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Соренсен ќе оствари средба и со координаторите на советничките групи од двата града, а предвидена е и посета на проектите финансирани од  Европската Унија во Охрид и Струга.

OhridNews