Изминатиот викенд СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и Струга, спроведе превентивна кампања „Соседска патрола“.
Мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа во Охрид, извршија превентивна обиколка на повеќе угостителски објекти во централното градско подрачје, но и на периферијата од градот, како и на други јавни места на отворен простор каде, во ноќните часови младите најчесто се собираат и задржуваат. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Целта на кампањата е родителите да видат каде нивните деца излегуваат, како и во каков амбиент младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се проблемите кои можат да се случат во текот на ноќните забави и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.
Во рамките на кампањата, полициските службеници разговораа со младите и легитимираа повеќе гости во угостителските објекти, а малолетните лица посебно беа информирани околу законските обврски кои мора да се почитуваат. – истакна Димовски.
Проектот „Мешани патроли“ има за задача преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места, како и доследно да се почитуваат законските одредби, пред се, од Законот за прекршоци против јавниотред и мир.
Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена...
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, еден од најзначајните датуми во македонската историја и државност, НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид...
На 09102026 во 10:10 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Охрид пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од друго лице, информираат од МВР Додаваат дека се преземаат мерки за рас...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.