На гостувањето во Сосиедад заврши импозатната серија на Барселона во “Ла Лига“ од 19 натпревари без пораз.


Фудбалерите на Сосиедад славеа со 3-2, иако Барселона со головите на Меси и Педро имаа предност од 2-0. До крајот на првиот дел резултатот 2-1 го намали Кастро. Во второто полувреме Маскерано си постигна авто гол додека комплетниот пресврт го направи Агире во последната минута од мечот.

Резулати : Гранада – Ваљекано 2-0, Реал Сосиедад – Барселона 3-2, Гетафе – Севиља 1-1, Maлага – Селта Виго 1-1.

Табела : Барселона 55, Атлетико Мадрид 44, Реал Мадрид 37, Реал Бетис 34, Малага 34. . .

Мх.П.