
Акциите на „Сосиете женерал“ веднаш реагираа со пад за околу шест отсто, а главниот индекс на париската берза порасна за околу еден отсто.
Зад лошите резултати, како што пренесува МИА, стои отписот на околу 1,9 милијарда евра, што е повеќе од очекуваното. Банката лани беше жртва на голем скандал, кога нејзиниот службеник проневери пет милијарди евра со недозволени шпекулации на финансискиот пазар. Поради тоа банката мораше да отпише значителен имот од одделението за инвестиции за да ја покрие проневерата.
„Сосиете женерал“ е банка со 142 годишна традиција која има свои претствништва во над седумдесет земји во светот, меѓу кои и во Македонија каде е доминантен сопственик на „Охридска банка“.












