На денешното рочиште беа сослушани четворица сведоци.
Алан Каоу, роднината на обвинетиот Кристијан Шапкар, кој бил во пловилото за време на несреќата, на барање на адвокатот на обвинетиот, потенцираше дека од местото каде се наоѓал не можел да го види влезот во каналот.
Свој исказ пред судот потворно даде и дежурниот полициски службеник Стојан Петкоски, првото службено лице кое со гумен службен глисер на СВР Охрид по 15-на минути стигнал на местото каде се случила несреќата. Тој ја потврди претходно дадената изјава дека дека видливоста била намалена и дека пловилата ги нашол на околу двеста метри од плажата „Куба либре“.
Во врска со несреќата, денес сведочеше и Др. Трпко Угриноски, специјалист по општа медицина- матичен доктор на обвинетиот Шапкар. Во врска со претходно издадените потврди дека обвинетиот поради болест не може да присуствува на рочиштата, Угриноски со изјава дека не може да влијае на тоа кога некој од неговите пациенти ќе се разболи.
Во глисерската нереќа, животот го загуби скопјанката Ирена Романова Муцунска (39), а неколку лица беа повредени. Обвинителството го товари охриѓанецот Христијан Шапкар за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.