По неколку одложени рочишта и со нов судски совет поради откажување на еден од поротниците, во Основниот суд во Охрид денеска продолжи процесот за глисерската нереќа што во август 2009 година се случи на Охридското Езеро. Во несреќата животот го загуби скопјанката Ирена Романова Муцунска (39), а неколку лица беа повредени.

Обвинителството го товари охриѓанецот Христијан Шапкар за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Тој и на денешното рочиште се изјасни дека ќе се брани со молчење, упатувајќи забелешка до новинарите дека непрофесионално си ја вршат работата и дека не ја почитуваат презумпцијата на невиност.

Пред судот сведочеа Жарко Лукоски и Благоја Дамчески кои раскажаа што виделе критичната ноќ.

Никола Поленак застапник на оштетените упати забелешка дека адвокатот на обвинетиот непотребно го одолговлекува судскиот процес,при што или не доаѓаат сведоците,тој или обвинетиот.

Судијата Милчо Клишески информираше дека дека судот го добил баранато известување од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет од Скопје во однос на видливоста критичниот ден, но не соопшти  детали за содржината. Одбраната на обвинетиот искажа забелешка дека починатата имала диоптер, а во вештачењето за видливоста било посочено дека видливоста во голема мерка зависела  и од способноста на окото.

Судскиот процес за глисерската несреќа ќе продолжи на 20 мај.

OhridNews