Комисијата за заразни болести денеска треба да се состане за состојбата со сите заразни заболувања, вклучително и со грипот и големата кашлица.

Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов.
Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината. Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, вчера изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.
OhridNews
фото. МИА












