Состанокот на лидерите на албанските политички партии, инициран од страна на ДУИ, започна во хотелот „Александар Палас“. На состанокот не присуствува само лидерот на Беса, бидејќи според оваа партија ваквиот собир е само импровизација и се опдржува само за тоа што некому му е потребен политички протагонизам.

На состанокот ДУИ е преставена дури со четири учесника, Али Ахмети, Теута Арифи, Артан Груби и Иџен Мемети. Се очекува на средбата да се отвори прашањето за употребата на албанскиот јазик и генерално, како што најавија од ДУИ, да се види до каде се работите со чувствителните прашања, за да се искоординираат за понатамошните активности.

OhridNews
Макфакс