Македонско-руската меѓувладина комисија денес и утре ќе се состане во Охрид за да ги разгледа модалитетите за унапредување на економските односи меѓу Македонија и Русија.

Македонската делегација ќе ја предводи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески,  а рускиот владен тим ќе го застапува заменик министерот за регионален развој Максим Травников.

Русија е меѓу првите десет трговски партнери на Македонија. Во првата половина од оваа година трговската размена меѓу Македонија и Русија достигна 374,3 милиони долари, што е за 39 отсто повеќе отколку за истиот период лани. Но, и натаму Македонија бележи голем трговски дефицит, односно извозот на земјава не покрива ниту 5 проценти од увозот.

Македонија најмногу увезува енергенси, а најмногу извезува фармацевтски производи.

OhridNews