После 2 години пауза се одржа 19-тиот Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет -РСМ и ЕУ. Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ е заедничко тело за парламентарен дијалог меѓу пратениците на Собранието на РСМ и на Европскиот парламент.
Нашите национални црвени линиии се јасни и тие нема да се менуваат: чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Исклучување на историските прашања од преговарачката рамка, рече Бојан Маричиќ, заменик – претседател задолжен за европски прашања, во воведното обраќање.
Денес, сакам да ве поздравам на вашиот македонски јазик, за кој сум цврсто убедена дека ќе стане еден од службените јазици на ЕУ, рече Ирена Јовева, Европратеничка од Словенија.
Парламентот не смее да биде жртва на политичката поларизација и битка меѓу власта и опозицијата наместо за демократија и реформи, истакна евроамбасадорот Гир и европратеникот Ќучук.

Во насока на подобрување на заедничкиот текст преточен во официјални препораки на МПШ кои се и официјален документ на овој работен состанок дадовме три амандмани кои беа прифатени и станаа дел од текстот. Со нив се нотира актуелниот став на нашата Влада за прифаќање на преговарачка рамка со чиста формулација на македонскиот јазик, јасна заштита на македонскиот идентитет, третман на историските прашања надвор од рамката и почеток на преговори пред отпочнување на постапката за измени на уставот, потенцира Лазаревска.
МПК размени мислења за односите меѓу ЕУ и РСМ, за владеењето на правото, животната средина и здравјето, граѓанското општество и медиумите, добрососедските односи и регионалната соработка, како и за актуелниот статус на Жан Моне дијалогот.
OhridNews













