Градоначалникот Јован Стојаноски и претставници на надлежните служби, заедно со претставници на УЈП, Државен пазарен инспекторат и СВР Охрид во вторник, 3-ти април, во големата сала на општина Охрид ќе одржат работна средба со угостители, тезгаџии и останати корисници на урбана опрема.
На средбата со сите чинители во туристичката дејност кои користат урбана опрема ќе се разговара за проблемите со кои тие се соочуваат и подготвителните активности пред почетокот на туристичката сезона.
Средбата е закажана во 12 часот.
OhridNews












