Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информира АМСМ. 

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Oд 05.06.2017 година од 17:00 часот сообраќајот по регионалниот пат „Тетово -ГП.Јажинце“ е во прекин кај с.Порој поради излевање на Поројска река. Сообраќајот се пренасочува. 

OhridNews