Според информација од ЈП Македонијапат, на магистралниот пат Р-1202 Маврово – Дебар на Мелнички мост, поради изведување работи на пат сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента до 07.11.2016 (понеделник). На местото каде ќе се изведуваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

OhridNews