Денес од 07:50 час регионалниот пат Кратово-Пробиштип е во прекин во двата правци за сите возила, информира АМСМ.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

Од 09:45 часот автопат Велес-Скопје на потег од Штипска клучка до клучка Катланово сообраќајот за тешки моторни возила – ТМВ е нормализиран. ОД 08:00 часот патниот правец Крупиште-Пробиштип е прооден. Се нормализира сообраќајот на патниот правец Свети Николе-Куманово. Останува забраната за ТМВ

Од 09:30 часот од Велес према Штип и Пробиштип наизменично се пропуштаат возила, во 11:20 часот укината е забраната за движење на ТМВ на овој патен правец

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово, Ѓавато,Плетвар и на патниот правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир.

Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман,Гошинце и Алешевце.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

OhridNews