
Граѓаните коишто се приматели на социјална и постојана парична помош ќе треба да обезбедат потврда од центрите за социјална работа, а оние со ниски примања до 168 илјади денари годишно потврда од Управата за јавни приходи, а потоа можат во подрачните одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности да поднесат барања за бесплатен елаборат за легализација.
Сите оние кои ќе извршат легализација на објектите каде што живеат, нема да го изгубат правото на социјална и постојана парична помош. Оваа владина мерка се очекува дека ќе ја искористат 34 илјади приматели на социјална помош и уште пет илјади приматели на парична помош.











