Во СОУ „Нико Нестор“ Струга започнаа активности околу поврзување на стручното образование со пазарот на трудот.

Идејата за овие активности кои се планирани да се реализираат во учебната 2014/2015год., произлегуваат од реализацијата на проектот “Нови вештини за подобри часови по практична настава”.

Проектот во училиштето се реализираше во текот на изминатата учебна година и беше финансиран преку одобрен грант од Националната агенција за европски образовани програми и мобилностна Р.Македонија во рамки на програмата за „Доживотно учење“, секторска програма „Леонардо Да Винчи.“ Оваа програма дава специфичен приоритет на развојот на компетентноста на наставниците кои се дел од стручното образование и обука, а преку неговата реализација наставниците имаат можност да ги разменуваат своите искуства со соработници и колеги од другите земји. Со помош на програмата Леонардо Да Винчи на луѓето им се овозможуваат бенефиции при остварување на стаж во некоја Европска земја, размена на искуства, размена на стручна експертиза, како и запознавање и надминување на културните разлики и приближување на начините на работа, образование, обука на Европско ниво.“  – вели Марија Коваческа, координатор на проектот.

Исто така, во текот на месец март во рамки на проектот “Нови вештини за подобри часови по практична настава”, две групи наставници од ова училиште реализираа еднонеделни мобилности во Англија и Шпанија.

OhridNews