По повод почетокот на новата учебна година и првиот училешен ден на првооделенците, Ротаракт Клубот од Охрид во координација со СВР Охрид и Секторот за сообраќај излезе на терен пред влезовите на поголемите општински училишта, каде заедно со службените лица од секторот за сообраќај се погрижија најмладите кои тргнуваат на училиште безбедно да ги преминат улиците.
Воедно на најмладите кои прв пат се соочуваат со сообраќајот им беа делени совети за основните сообраќајни правила и пофалби за успешното нивно применување на улица.
– Целта на оваа акција беше превентива и едукација, давање придонес за заедницата, што има огромна вредност, доколку на најмладите им се создаде навика за почитување на прописите со што би се зголемила нивната безбедност во сообраќајот, велат од Ротаракт клубот.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com