Јавното претпријатие „ Охридски Комуналец“ ги повикува советите на станбените згради да се  состанат и да одредат локации за поставување на контејнерите за отпад.

Истите не треба да зафаќаат делови од сообраќајните патни површини, односно да не го попречуваат патниот сообраќај, потенцираат од јавното претпријатие.

Претседателите, односно членовите  на советите, предлозите треба да ги достават до ЈП “Комуналец“ или на телефонскиот број 046 263-325, најдоцна три дена по објавување на огласот. Од  претпријатието потсетуваат за почитување на Законот за јавна чистота, затоа што во спротивно  за несовесните граѓани ќе следат санкции согласно Законот.   

Контејнерите неодамна беа отстранети од тротоарите на дел од улиците во градот со цел непречено движење на пешаците и велосипедистите и беа дислоцирани во околните паркинзи, по што следеа низа реакции од граѓаните.  

OhridNews