
-Прво, се работи за локација која се наоѓа во чиста, здрава животна средина и недопрена природа, односно целокупната област на Дебрца претставува своевиден споменик на природата.
Второ, избраната локација се наоѓа во сливот на Охридското езеро, кое е заштитено од УНЕСКО и во случај на хаварија на инсталацијата, кое и покрај ветувањето дека ќе биде изградена според највисоки еколошки стандарди не е неможно, може да доведе до големи штетни последици по животинскиот и растителниот свет во сливното подрачје и во самото Охридско Езеро.
Трето, локацијата е во непосредна близина на важната сообраќајна артерија од Коридорот 8, Автопатот А2 и изградбата на инсталацијата на таа локација е спротивно на еколошките стандарди, пропишани со националното законодавство и Директивите за животната средина на ЕУ.
Четврто, општина Дебрца е најмала општина по број на жители во Југозападниот плански регион и најмал создавач на отпад, што значи дека економски е неисплатливо отпадот од целиот регион да се носи и депонира во подрачје каде што не се создава, односно најмалку се создава. – се вели во партиската реакција.
СДСМ бара градоначалникот на општина Дебрца јавно да се изјасни и ја отфрли оваа иницијатива, а претседателот на советот на општината свика седница на советот, на која советниците ќе се изјаснат по иницијативата.
-Бараме по иницијативата да се изјасни и стручната и заинтересираната јавност од Дебрца и другите засегнати општини од регионот.
Крајно, ако е потребно, ќе побараме по иницијативата да се изјаснат и граѓаните на Дебрца, преку облиците на граѓанско изјаснување, согласно Законот за локалната самоуправа и Статутот на општина Дебрца. – стои во писмената реакција на советничката група на СДСМ во советот на општина Дебрца.
OhridNews











