Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2020 година, годишниот план за вработување во основните училишта и јавните претпријатија, избор на командир на полициска станица од општа  надлежност Охрид, се само дел од над 80-те точки на дневен ред предвидени на седницата на советот закажана на 29-ти ноември, петок, со почеток во 11 часот.

Советниците ќе одлучуваат и за локацијата за градба на прифатилиштето за кучиња.

На дневен ред се и Извештаи за реализација на програмите на секторите на општината, извештајот за остварување на буџетот  за периодот од 01.01. до 30.09.2019 година, како и извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија.

Пред советниците ќе се најде и Предлог – одлуката за поддржување при аплицирање на проект “Изработка на проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа во град  Охрид, на ниво на: проект за инфраструктура,  идеен  проект,  основен проект  и  ревизија на проектната документација“.

OhridNews