Членовите на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на град Охрид, на денешната седница се појавија со маички со натпис НЕ, со што, како што беше истакнато, јасно го искажуваат својот став како претставници на граѓаните, дека се против таканаречениот Француски предлог за отпочнување на преговорите за членство на Македонија во Европската унија.
На овој начин кажуваме симболично НЕ на тој предлог од институција којашто е на локално ниво, од зградата на Општина Охрид, од советници зад кои стојат граѓаните и тоа е јасен доказ дека тие не се согласуваат со таквиот предлог каде имаме негирање на македонскиот јазик, идентитет и други проблематични работи кои ги содржи Францускиот предлог, а тоа е отварање на Уставот согласно барањата на бугарската страна, потоа менување на учебници, наставни програми, оспорување на историските личности како Св. Кирил и Методиј, Климент Охридски, македонскиот јазик, Цар Самуил, кои задираат во македонскиот идентитет и затоа гласно кажуваме НЕ на Францускиот предлог. – изјави Перчо Божиноски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на Општина Охрид.
Советот на Општина Охрид денеска ја одржа 32 седница на која на дневен ред беа триесеттина точки, меѓу кои финансиска поддршка за образованието, линискиот превоз, субвенционирање на сметки за вода за одредени категортии граѓани, како и легализација на нелегално изградени објекти.
OhridNews













