Советниците ќе ја одржат педесет и третата седница
28.02.25 09:12
Педесет и третата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи денес во зградата на општина Охрид.
На Дневен ред се 25 точку меѓу нив утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2025 година, усвојување на Извештајот за реализирани активности по однос на мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023 – 2027 година, усвојување на Извештајот за извршениот годишен попис во Општина Охрид со состојба на 31.12.2024 година, како и Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година.
Советниците ќе распрваат и за измени на програмите и распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година, како и проширување на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година.
Паднато дрво на патниот правец Охрид – Кичево, во близина на селото Ботун, општина Дебрца, го попречило движењето, поради што сообраќајот е во прекин Информацијата ја потврдија од Општина Дебрца Сп...
Почесен црн појас први дан доби потпретседателот Зоран Парулески, а Федерацијата викендов ја очекува настап на „Перник Опен“ во Бугарија Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски се првите носители на ма...
ГФК Охрид Лихнидос ја прекинува соработката со фудбалерот Валентин Кочоски, соопшти вечерва второлигашот од Охрид Како причина за ваквата одлука, клубот наведува непрофесионално однесување на фудба...