Согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со објавување на текстот „Советници од СДСМ и ЛДП со недолични коментари и навреди кон Јованоска и Скрческа”на порталот Охрид1, изнесени се невистини, штетни за мојот углед и чест како граѓанин и советник во Советот на Општина Охрид и ми е нанесена штета која, согласно законот, може да се ублажи, или во спротивно ќе биде предмет на судска постапка, изјави на прес конференција претседателот н аопштинската ЛДП и советник, Дејан Блажески.
– Ве информирам и Вас и јавноста дека ниту еденаш на Комисијата за Финансии и Буџет не се обратив кон претставниците на јавните претпијатија во навредлив контекст, уште повеќе употребувајќи зборови кои ниту ми прилегаат, ниту се ниво за дебата во општина Охрид. Жалам што вашите новинари не се обидоа барем да ме контактираат и да побараат информација околу оваа невистина и дезинформација, рече Блажески.
Тој до новинарите го достави записникот од комисијата за финансии, заверен и потпишан од претседателот на комисија, советничката од ВМРО- ДПМНЕ, Јадранка Здравеска, во кој стои дека од страна на Блажески или било кој друг советник од опозицијата не се кажани наведените зборови во споменатиот текст на охридскиот портал.
– Кога станува збор за етика и професионализам, го прашувам уредникот на Охрид 1,а на порталот стои дека е Љупчо Танески, зошто иститот текст не е потпишан, дали истиот овој човек е ангажиран и како ПР на Градоначалникот на општина Охриди и доколку е, дали таа позиција му дава за право да се поигрува со угледот на советниците и на претставниците на јавните претпријатија, пласирајќи лаги и невистини. Истовремено, го информирам дека и понатаму ќе продолжам да поставувам прашања кои се од интерес на граѓаните за што впрочем сум избран и нема да потклекнам на постојаното вадење од контекст, нити пак да премолчам затоа што јас не сум противник кој се откажува пред пропагандната машинерија. Силата ја црпам од граѓаните кои совршено знаат дека аргументите се моето обезбедување, рече Блажески.
Тој ги повика претставниците од јавните претпријатија, кои се спомнати во дел од текстот, да излезат јавно да кажат дали биле навредени од страна на Блажески.
– Ги потсетувам доколку изнесат лаги наспроти она што го тврдат записниците и кон нив ќе преземам правни мерки, заради заштита на мојот углед, угледот на моето семејство и на граѓаните кои ги претставувам. Во врска со погоре наведеното, а согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, до уредникот на Охрид 1 Љупчо Танески упатувам барање за извинување и јавно повлекување на објавените невистини. Во смисла на став 2 и 3 од истиот член очекувам јавното повлекување и извинување да биде објавено на истото место и во ист обем како и спорниот текст најдоцна во рок од 48 часа, рече советникот Блажески.
OhridNews
29- та седница започна со барање за јавно извинување поради навреда