Најдобрите, најталентираните и наградените ученици за своите инвентивност и талент, на традиционалната одбележување на Денот на Европа, од Општина Центар беа на еднодневен излет во Охрид.
Заедно со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, и со евроамбасадорот Самуел Жбогар, децата во текот на целиот ден беа на Плаошник, Св. Софија, уметничките галерии, Заливот на коските и старата охридска чаршија. Кодомаќин на настанот беше челнот на советот на општина Охрид од ЛДП Дејан Блажески.
– Посебна чест ми е што бев кодомаќин на овој значаен настан. Уште повеќе што промоцијата на Охрид не застанува. – изјави советникот Блажески.
OhridNews













