Детска постелнина и пижами за потребите на Детското одделение при охридската општа болница, донираше денеска Љупчо Настоски, советник во Советот на Општина Охрид.

Настоски кој заедно со своето семејство до сега многу пати има организирано вакви донаторски активности, вели дека хуманоста треба да биде доблест на секој човек.

-За време на празнувањето на големиот празник ,,Св.Никола”, во неврзан разговор со вработен од Детското одделение при добив информација што им е најнеопходно. Заедно со моето семејство, во рамки на нашите можности, одлучивме и одвоивме средства и годинава да подариме постелнини и пижами за децата кои се згрижуваат на болничко лекување на ова одделение, изјави Настоски.

Инаку советникот Настоски за досегашните хумани дела неодамна доби и Признание за филантропија во рамки на проектот ,,Филантропија човекољубие на дело’’ кој се спроведуваше во Охридско-струшкиот регион.

OhridNews