По повод Светскиот ден на детето, независниот советник во Советот на Општина Охрид, Љупчо Настоски со семејството, донира 40 ќебиња за потребите на  ЈОУДГ “Јасна Ристеска“.

Како што истакна Настоски задоволство е да се помогне за потребите на најмладите и најави дека и во иднина, во рамки на можностите,  ќе помага онаму каде што може.

Во повеќе наврати имам донирано за инстиитуции и приватни лица. Овој пат, со цел да помогнеме, од семејниот буџет издвоивме средства и за детската градинка. Поттик повеќе за овој чекор е и тоа што деновиве очекуваме и мојата внука да почне да ја посетува оваа детска градинка, изјави Настоски.

Благодарност за донацијата изрази директорката на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, Марина Петроска- Тодороска, која напомена дека ваквите акции се секогаш добредојдени со оглед на се поголемиот број деца кои се згрижени во градинката, а ограничените финансиски можности.

–  Сакам да потенцирам дека годинава се поголем е одзивот на приватни лица и институции кои донираат. Во минатиот период се обидувавме и успешно реализиравме активности за санирање на  просториите и за набавка на опрема. Но со оглед на се поголемиот број згрижени деца и петте објекти кои се стари, донациите се добредојдени, рече Петроска- Тодороска.

Таа објасни дека од страна на министерството за труд и социјална политика се доделуват средства само за капитални инвестиции. Останатото се набавува со сопствени средства, односно од наплатата на надоместокот од родителите за згрижување на децата.

Неодамна во употерба беа пуштени новите простории во централниот објект од градинката, изградени со средства од локалната самоуправа. Во тек е нивното доопремување, но засега недоставуваат нови маси и столчиња за трпезариската просторија, кои се изработуваат според пропишани нормативи и стандарди. 

Т. Кувенџиска