Актуелниот советник од редовите на ЛДП во градското Собрание, Спирко Николоски, повремено ја извршува и градоначалничката функција. Имено Николоски е назначен за заменик градоначалник, функција која ја обавува во отсуство на актуелниот градоначалник, Александар Петрески.

Првиот човек на градот деновиве се наоѓа на студиско патување во Германија заедно со колегите од Југозападниот плански регион, а во недела на пат за Брисел заминува и претседавачот на Советот Владо Чингоски. Во нивно отсуство заменик градоначалникот врши прием на делегации и исполнува  други обврски пропишани со законот за локална самоуправа.

Ohridnews