Предлог одлуките за разрешување и именување на членови на управните и надзорните одбори во општинските јавни препријатија и училишниот одбор во ОСУ „Свети Климент Охридски“  отворија жестока дебата на денешната седница на Советот на општина Охрид.

Советниците на опозицијата сметаат дека 70 % од предложените и изгласани кадидати за овие функции немаат соодветни квалификации и дека се обични партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ.

-За прв пат добивме една кратка и штура биографија за сите тие именувани личности односно кандидати и за жал праксата на владеачката партија и понатака продолжува. Од предложените 10 кандидати, 5 лица се невработени, едно лице е волонтер и едно лице е вработено во приватна фирма. Само тројца од предложените кандидати ги задоволуваат минимум стандардите по профилот на образование, рече Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ.

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески тврди дека сите предложени кадидати за управните, надзорните и училишните одбори биле стручни лица кои имале потенцијал да се носат со сите предизвици.

-Ја слушам опозицијата на денешната седница на советот, едноставно не им е јасно што се случува со управните и надзорните одбори и зошто се прави таа промена. Токму тука е разликата помеѓу нас и сегашната опозиција и токму заради тоа грѓаните нам ни веруваат, а на сегашната опозиција не и веруваат. Граѓаните не можат да веруваат на луѓе кои во минатото дозволиле 6 бизнис групи и нивните 20 фирми да ги влечат сите средства од општина Охрид и Јавните препријатија донесувајќи ги до финансиски колапс и доведувајќи ги нивните сопруги и братучеди да управуваат со јавните претприатија, рече Спасески.

Инаку на денешната седница се расправаше и за Предлог Одлука за усвојување на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2014 година, за Предлог Одлука  за усвојување на Развојната Програма за поттикнување на  развојот на туризмот на општина Охрид за 2014-2016 година, за Предглог Одлуки од областа на урбанизмот и уште неколку други точки.

OhridNews