Предлог одлуката за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Охрид, измената и дополнувањето на одлуката за општински линиски превоз на патници и авто-такси превоз, се дел од вкупно 39 точки на дневен ред за кои ќе расправаат охридските советници на 16- та седница,која ќе се оддржи на 25- ти декември.

Советниците ќе расправаат и за предлог одлуката за утврдување на надоместок за поставување на инсталации на патот и патниот  и заштитниот  појас, за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ , за отстапување на користење на паркинг простори од општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“ , како и за поголем број точки од сферата на урбанизмот.

OhridNews