Предлог Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, предлог одлуката за усвојување на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2014 година, Развојната Програма за поттикнување на  развојот на туризмот на општина Охрид за 2014-2016 година, како и предлог одлуката  за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2014 година, се дел од точките на дневен ред од дваесет и петтата седница на советот на општина Охрид, закажана на 30- ти јуни.

Пред советниците ќе се најдат и предлог одлуката  за  давање согласност на Одлуката за утврдување  на цените на услугите  што ги врши  ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, како и неколку точки од сферата на урбанизмот.

OhridNews