Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за определување на цените за вода, канализација и одведување и прочистување на отпадните води за корисниците од подрачјето на општина Охрид и Струга- ќе се најде меѓу десетте точки на дневен ред на најавената 43- та седница на советот на општина Охрид, предвидена да се одржи во петок.

Освен за цената на водата, советниците ќе расправаат и за предлог одлуката за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2012 година.

На дневен ред, меѓу останатите точки, се предвидени и предлог одлуките за усвојување на Локален акционен план за животна средина, информацијата за изработка на Интегрираната студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото блато и превземање на мерки за негова ревитализација, распределбата на блок дотациите за основно и средно образование,  како и за надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

Пред советниците како точка на дневен ред ќе се најде и предлог одлуката за подигање спомен обележје за одбележување на Богојавление – Водици.

OhridNews