На седницата на советот на општина Охрид, закажана на 7-ми септември, советниците ќе расправаат за предлог заклучокот за прифаќање на Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво и за предлог одлуката за распишување на референдум на локално ниво. Иницијативата е поднесена од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, а доколку иницијативата се прифати од советот, охриѓани на референдум ќе можат да се изјаснат:дали сакаат на подрачјето на општина Охрид да се доселуваат лица кои бараат азил.
Советниците ќе расправаат и за потребата од прогласување на стариот чинар како „споменик на природата“ и усвојување на елаборатот за негова валоризација, санација и ревитализација.
На дневен ред се и исправката на одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид, предлогот за приаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште и за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект во Коњско.
OhridNews












