Во петок, 31- ви јануари, со почеток во 12 часот, ќе се одржи осумнаесеттата седница на советот на општина Охрид.

Меѓу 35- те точки предвидени на дневен ред, ќе се најдат предлог одлуките за усвојување на Програмата за спорт за 2014 год., за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на општината Охрид за 2014 година,  за формирање штаб за заштита и спасување, како и предлог одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно    партнерство за модернизација и проширување на системот за јавно осветлување на подрачјето на општина Охрид.

Советниците ќе расправаат и за предлог  одлуките  за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправни објекти во Велгошти,  Рамне, Оровник, Горно и Долно Лакочереј, Лескоец, Велестово, Љубаништа, Коњско.

OhridNews