Овој предлог на почетокот на 50- та седница на советот, го даде советничката Јованка Дамовска- Секулоска, што како точка на дневен ред беше прифатен и од останатите советници.
– Ние прифативме оваа точка да се стави на дневен ред и за неа да се расправа. Секако треба прво да се изјасни предлагачот на режимот на сообраќај, кој се носи како одлука на совет, а за што дава согласност министерството за внатрешни работи. За секоја измена би требало да тече одредена процедура. Прво да се изјасни предлагачот, а потоа ќе завземеме став по овој предлог. Јас лично од спроведувањето на режимот на сообраќај воопшто не сум задоволен, закажаа факторите задолжени за негова реализација. Една улица плус или минус нема многу да смени, затоа што од самиот почеток реализацијата на новиот режим на сообраќај се сфати многу несериозно, вели координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
За оваа точка на дневен ред ќе се расправа на продолжението на седницата закажано за утре, со почеток во 13 часот.