Денес со почеток во 10 часот ќе се одржи дваесет и третата седница на Советот на општина Охрид.
На дневен ред се наоѓаат две точки кои се однесуваат на јавната безбедност и безбедноста на патиштата.
Советниците ќе ја разгледуваат информацијата за тепачката што на крајот од минатиот месец се случи во центарот на Охрид, во која животот го загуби еден српски турист.












