Во петок, со почеток во 11 часот ќе се одржи 52- та седница на Советот на општина Охрид.

Најголемиот број точки на дневен ред се однесуваат на годишните извештаи за работењето на основните и средните училишта во општината.

Советниците ќе расправаат и за зголемување на бројот на воспитните групи на деца во детската градинка ЈОУДГ ” Јасна Ристеска”, за неколку урбанистички решенија, извештаите за работењето на јавните претпријатија, за започнување на постапка за доделување на Договор за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица, како и за усвојување на елаборатот за проценка на штета од град проследен со силен ветар и дожд во општина Охрид на ден 10 август 2012 година.

OhridNews