На 33- та седница на советот на општина Охрид, закажана на 3- ти декември, советниците ќе расправаат за предлог одлуката за начинот и поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од барателите на финансиската поддршка.

Пред советниците ќе се најдат и предлог решението за формирање Комисија за утврдување на предлогот на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2015 година, за давање согласност за престанок на корисничко право на ЈП „Охридски Комуналец“ , предлог деловникот за работа на советот, предлог одлуките за утврдување Нацрт Фискална стратегија и Развојни програми на општина Охрид за 2015 година, за усвојување на Годишната Програма за работа на ОЈУ„Кузман Шапкарев“ за учебната 2014/2015 година, како и неколку предлог одлуки од сферата на урбанизмот.

OhridNews