На 18- ти јули,  петок, со почеток во    11.30 часот ќе се одржи 26- та седница на советот на општина Охрид. На дневен ред се предлог одлуките за извештаите за работењето и реализација на програмата на одделенијата и секторите при локалната самоурава заклучно 30- ти јуни,  како и предлог  одлуката  за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот  на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2014 година.

Пред советниците ќе се најдат и предлог  одлуката  за усвојување на Годишниот Извештај за работа на јавната  општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ Охрид за учебната 2013/2014 година, предлог одлуката  за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата  за периодот од 01.01. до 30.06.2014 година и низа предлог одлуки од урбанистичката сфера. Советниците ќе расправаат и за предлог одлуката  за формирање комисија за процена и утврдување на висината     на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи.

OhridNews