Во вторник, 1- ви април, со почеток во 12 часот ќе се одржи 22- та седница на советот на општина Охрид, на која меѓу другото советниците ќе расправаат за висината на надоместокот на услугите кои ги вршат јавните претпријатија, за постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори, физибилити студијата за ЈП Градски Пазар Охрид, како и за предлог одлуката за измена на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на затворен зелен пазар.
Пред советниците ќе се најде и предлог одлуката за донесување на Правилник за субвенционирање на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност од мал обем, како и над 30 точки на дневен ред од урбанистичката сфера, односно за потребата од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во Охрид и охридско.
OhridNews