Во среда, со почеток во 11 часот, ќе се оддржи 55- та седница на советот на општина Охрид.

Најголемиот дел точки од дневен ред се однесуваат на извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија, а ќе се расправа и за нацрт фискалната стратегија и развојните програми на општина Охрид за 2013 година.

Пред советниците ќе се најдат и предлог одлуката за општински линиски превоз на патници, предлог одлуката за предлагање прогласување на заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија- Споменик на природата, како и за неколку урбанистички решенија.

OhridNews